logo
  • Почетна
  • Аранжмани
  • Превоз
  • Услови на патување
  • Галерија
  • Контакт
  • 11ти Октомври во Истанбул

    1. Почетна
    2. 11ти Октомври во Истанбул

Повеќе информации

1 ден. 09.10: Прилеп – Истанбул Поаѓање од паркингот пред х. Липа во 17:00ч. Се упатуваме кон Истанбул преку Грција на граничен премин Богородица. Ноќно возење. 2 ден. 10.10: Истанбул Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Краток одмор. Потоа пешачка тура, покрај Универзитетот Бејазит, Капали Чаршија, Костантинов плоштад каде се наоѓа Константиновиот столб, градините на Топкапи сарај. Продолжуваме кон Сина Џамија позната под името Султанахмет џамија, разглед, Хиподром, каде се наоѓаат Египетскиот обелиск, споменикот на троглавата змија и Теодосевиот столб. Враќање во хотелот. Вечерта факултативна посета на населбата Ортакој со плоштадот Ортакој каде се наоѓа најубавата и најпознатата џамија во Истанбул - Ортакој џамија. Слободно време за прошетка и уживање во познатиот ресторан со поглед на првиот мост на Босфорот каде се имаат снимано повеќе сцени од турските серии со чај и турскиот специјалитет Кумпир. Враќање во хотел. Ноќевање. 3 ден. 11.10: Истанбул Појадок. По појадокот се упатуваме факултативно кон Азискиот дел на Истанбул каде ги посетуваме познатите населби Чамлиџа каде се посетува брдото на Чамлиџа кое има неверојатен поглед на Босфорот. Исто така и прекрасен парк со фонтани и ресторан каде се служи салеп во оригинална форма како што се служело во Отоманско време и посета на најголемата џамија во целиот Истанбул – Чамлиџа Џамија. Потоа се упатуваме кон Ускудар каде имате прекрасен поглед на Девојачката кула. Вечерта во 19:00ч.одиме на факултативна посета на познатата Сафир кула, таа е највисоката кула во Истанбул и цела Турција со висина од 238 метри, од каде има прекрасен поглед на целиот Истанбул. На најгорниот кат се наоѓа киното со 4D анимација со кое се прави виртуелен разглед со хеликоптер на сите позначајни на историскиот полуостров на Истанбул. Потоа продолжуваме кон Таксим каде правиме прошетка на плоштадот со познатата улица ИСТИКЛАР.Потоа продолжуваме кон Галата кула, каде правиме панорамски разглед на кулата. Враќање во хотел. Ноќевање. 4 ден. 12.10: Истанбул – Прилеп Појадок. По појадокот се упатуваме кон Еминону (место кое се наоѓа на Златниот рог) од каде поаѓаме со бродот по Босфорот. Бродот стартува од заливот на Златниот Рог поминува под ГАЛАТА МОСТ (Рибарски Мост) со поглед на ГАЛАТА КУЛА од перспектива на Босфорот, продолжуваме покрај ДОЛМАБАХЧЕ палата која е изградена во 1843г.во која живееле последните султани од Отоманската Империја и е изградена по урнек на познатиот Версај ,поминуваме под Првиот мост на Босфорот потоа благо завртуваме кон назад и поминуваме покрај Азискиот Брег каде панорамски ќе ги видиме КУЛЕЛИ военото училиште изградено 1512г. потоа продолжуваме покрај БЕЈЛЕРБЕЈ палата изградена 1829г.се до ДЕВОЈАЧКАТА КУЛА изгадена 1110г.денес еден од симболите на Истанбул, панорамски поглед од перспектива на Босфорот на ТОПКАПИ ПАЛАТА. Потоа посета на продавница за турска баклава и турски специјалитети со голем попуст. По посетата поаѓаме кон 212 Outlet Mall каде се задржуваме до 16:00ч. По што тргнуваме кон Македонија. Ноќно возење. Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови. Цената на аранжманот изнесува 99€ (Задолжителна уплата на крстарење по Босфор во агенција) Во цената на аранжманот е пресметано:  Пат на наведената релација со туристички автобус  2 н/п во хотел Kecik 3* во Лалели, Истанбул  Лиценциран придружник  Лиценциран туристички водич  Разглед на Сината Џамија, градините на Топкапи сарај. Хиподромот и Цариградската Патријаршија  Посета на фабриката за локуми и турски специјалитети КОСКА  Посета на Outlet Mall 212.  Организација и реализација на патувањето Во цената на аранжманот не е пресметано:  Патничко осигурување - 250,оо ден  Посета на Ортакој - 10€  Крстарење со брод по Босфор - 20€  Сафир Кула со 4Д симулација, Таксим и Галата кула - 35€  Посета на Азискиот дел – брдото Чамлиџа и Ускудар - 15€  Се она што не е предвидено со програмата Напомена: За реализација на екскурзијата потребна е група од 45 особи. Ноќевањата се во хотел со 3* во 1/2 и 1/3 соби на база ноќевање со доручек. За реализација на факултативните посети потребна е застапеност од 70%. Агенцијата го задржува правото за менување на редот на програмата поради подобрување на квалитетот на истата.
Ex Travel
  • Почетна
  • Аранжмани
  • Превоз
  • Услови на патување
  • Галерија
  • Контакт
Телефони
  • Канцеларија:
    048 417 447
  • Јордан: 075 337 575
  • Зоран: 070 259 009
  • Кире: 070 353 737
  • Грегориј: 076 444 131
Контакт
  • Понеделник - Петок 09:00 - 17:00 часот
    Сабота и Среда 09:00 - 15:00 часот
    Недела и Државни Празници Неработен
  • Адреса: "Борка Утот" Број 9а - Прилеп
  • Email: braco_prilep@yahoo.com
logo
© Агенција Ех Травел - 048 417 447